Наскоро ќе имаме зголемување на минималната плата. Сегашните 300 евра се премалку за задоволување на потребите.
Веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачување на пензиите, изјавија денеска од Собранието.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2022 година, изнесувала 32.553 денари.
Од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) велат дека за една година за 16.940 денари пораснала вредноста на синдикалната минимална кошничка 51.514 денари се потребни на едно семејство за да го помине месецот. И во регионот, дел од земјите најавија зголемување на минималецот.