Апликацијата Parler, која многумина ја сметаат за алтернатива на социјалната мрежа Твитер, стана најсимнуваната апликација во САД од изборите во таа земја.

Причината за тоа може да се најде во конфликтот меѓу Доналд Трамп и социјалната мрежа Твитер, со што одредени најави на сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави беа означени како лажни.

Според информациите обезбедени од SensorTower, Parler бил симнат над 980.000 пати помеѓу 3 и 8 ноември на продавниците на Google Play и Apple Store.

Повеќе од половина од преземањата, дури 636.000, се случија во неделата, пренесува The Verge.

Пред само една недела, таа апликација беше рангирана на 243-то место на App Store, додека на 446-то место на Google Play Store. Сега е на прво место во двете продавници.

Основачот на таа апликација, Џон Мејс, посочува дека за еден ден, таа социјална мрежа добила дури два милиони корисници, и дека тој број се зголемува од ден на ден.

Не грижете се, апликацијата инаку не е толку бавна, им посочи тој на новите корисници.

Иако самиот Доналд Трамп не е корисник на оваа апликација, голем број на негови гласачи се преселија на оваа социјална мрежа. Сенаторот од Тексас Тед Круз има околу 2,6 милиони следбеници, додека домаќините на „Фокс њуз“ Марк Левин и Шон Хани имаат по еден милион.

Parler е француски збор што значи да се зборува, и многу потсетува на Твитер, па не е изненадувачки што многу американски медиуми го прогласија за клон на таа социјална мрежа.

Компанијата тврди дека тие забрануваат публикации и ги казнуваат на „апсолутен минимум“, како и дека не ја проверуваат автентичноста на публикацијата. Сепак, тие забрануваат порнографска содржина, закани за насилство и поддршка на тероризам.