Половина од новите случаи на ковид19 во Македонија се заразени со британската мутација на коронавирус.
Вчера започна процесот на имунизација, а први ќе се вакцинираат лекарите од модуларната болница за ковид19 при Клиниката „Мајка Тереза“.
Засега процесот на вакцинација се врши со вакцината „Фајзер“ чии дози пред неколку дена стигнаа во Македонија директно од Србија.
Се очекува пристигнување и на пратка вакцини од „СиноФарм“ – Кина, преку КОВАКС системот – „АстраЗенека“, а порачани се вакцини и директно од произведувачот „Фајзер“.
Според планот за имунизација први ќе се вакцинираат здравствените работници и тоа оние кои се најдиректно изложени на опасност од коронавирус, а потоа ќе се врши имунизација на пријавените граѓани.
Електронското пријавување за вакцинација се врши на vakcinacija.mk.