Зрелоста и самостојноста доаѓаат со годините, искуството и работата на себе.

Но кога ќе ги стекнете ќе ја оцените состојбата со односите со другите луѓе на сосема поинаков начин.

Луѓето имаат потреба да се интимизираат со дргите и во таа своја потреба често посегнуваат по вас без ваше одобрение.
Само слабите луѓе имаат потреба да се здружуваат за да опстанат. Јаките секогаш се водат од паролата „Подобро сам одошто во лошо друштво“
Затоа запонете дека:
  • Никој не може да ви упаѓа во вашите планови и време
Времето што го одвојувате за другите луѓе ве прави емпатични и хумани, но односите се толку менливи што не е извесно дали тие луѓе за кои сега се вложувате ќе останат во вашиот живот.

Сетете се само колку луѓе поминале низ вашиот живот, а за многу од нив сте го вложувале и своето време и труд, а веќе не се тука, можеби и ви прирдиле големо предавство.

  • Не должите објаснување никому
Тоа што некој си дава за право да води контрола на вашиот живот и да ви поставува прашања, не значи дека вие треба на тие прашања да одговарате.

Без разлика за кој и да се работи и колку да ви е близок во животот (па нека е и партнер) само вие сте тие кои го организираат своето време.

Не паѓајте во замките на контрола и останете секогаш слободни, но и одговорни!

Самите си ги креирате одговорностите и слободата, не дозволувајте никој да ви ги одобрува, наметнува или бара од вас!

  • Не реагирајте 
Луѓето се подготвени на секој начин да ги извадат емоциите од вас. Ќе се обидат со добро, па ако не им успева, ќе сменат тактики, па ќе ве провоцираат и напаѓаат, ќе ве гаѓаат таму каде што сте слаби.

Просто немаат граници во потребата да го изнудат вашиот одговор, емоционално да ве ослабат, а потоа да се наоѓаат тука да ве тешаат, посолат со по некој совет и обликуваат според својата визија за тоа какви треба да сте вие.

  • Не се чувствувајте лошо за вашиот однос кон другите 
Може да бараат сожалување, ќе ве фаќаат на некои долгови што ги имате кон нив – емотивни, временски и сл.

Не решавајте со нив, ако некому му должите вистина, за тоа постои суд.

Чувството на вина поради вашиот однос кон нив не смее да постои, зошто вие сигурно имате добра причина зошто се однесувате така.