Почина македонската глумица Сабина Ајрула Тозија на 75-годишна возраст.
Таа беше маркантен лик на македонската театарска и филмска сцена. Препознатлива по својот актерски физикус, вонредниот талент и работа посебни во секоја улога, таа создавала и создава редица ролји по кои ја препознава публиката.
Посветеноста кон секоја улога, без разлика од обемот на работа, естетската специфика при градењето на ликот, ефикасноста на совладување и на најтешките актерски задачи, создаваат од Сабина Ајрула актерка која ја сакаат и соработниците и публиката.
Во своето долгогодишно искуство соработувала со повеќето реномирани македонски и странски режисери.
Причините за нејзината смрт се уште не се познати за јавноста. Со нејзината смрт, македонската филмска и театарска сцена изгуби голем професионалец.