Во Франција, по две недели целосен карантин, бројот на нови случаи на ковид-19 значително опаднал, како и приемот во болниците, според денешните податоци на Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се регистрирани 23.794 нови инфекции со коронавирус во Франција, што е драстично намалување во споредба со 33.172 нови случаи во четвртокот или 60.486 минатиот петок, пишува Ројтерс.
Забележан е и значителен пад на хоспитализациите. Во последните 24 часа, 24 лица со тешки симптоми на инфекција биле примени во болниците, за разлика од 737 вчера. Само четири лица биле примени на одделот за интензивна нега, наспроти 96 вчера и повеќе од 100 на ден секој работен ден минатата недела.