Луксембург очекува бум на бебиња кон крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година како резултат на карантинот. Ова го објави нивниот Државен центар за планирање на семејството, а пренесува Делано.лу.
Тоа беше дополнителна причина за Владата на Луксембург да објави водич за професионалци кои работат со млади луѓе за да им помогне подобро да комуницираат за сексуалноста по повод Неделата за свесност за сексуалното и емоционалното здравје.
Водичот е напишан на германски, француски и англиски јазик и може да се нарача преку е-пошта letstalkaboutsex@cesas.lu.
Зголемување на наталитетот се забележува и во другите европски земји, а според наводите на некој од медиумите породилиштата се полни, а сега се раѓаат деца што се производ на карантинот.