Новото истражување откри врска помеѓу текила и губење на тежината поради позитивните состојки на растението агава од кое се прави текила, пишува The Independent.
Ако сакате да изгубите тежина, нутриционистите и фитнес експертите ќе ви препорачаат да ја намалите потрошувачката на алкохол бидејќи е богат со калории. Сепак, добрата вест е дека новото истражување откри врска помеѓу текила и губење на тежината.
Американското хемиско друштво го претстави своето истражување во кое се вели дека текилата може да им помогне на потрошувачите во намалувањето на шеќерот во крвта.
Особено, тоа може да биде придонесот на шеќерите што се појавуваат природно во растението агава од кое е направена текила.
Овие шеќери се нарекуваат агава – што не е исто како и сирупот од агава – и делуваат како диетални влакна кои не го зголемуваат шеќерот во крвта, пренесува The Independent.