Ако често го зголемувате греењето, а просторијата и понатаму останува студена, проблемот можеби не е во системот или изолацијата, туку во радијаторите полни со насобрана прашина.

Со тек на години, нечистотијата се таложи меѓу ребрата и во внатрешните канали, создавајќи слој кој делува како топлотна бариера и ја намалува ефикасноста на греењето.

Кога радијаторот е валкан, греењето работи посилно, ефектот е слаб, а сметките повисоки. Дополнително, загреаната прашина може да предизвика непријатен мирис и да ги иритира дишните патишта.

Во последно време, на социјалните мрежи се шири едноставен, но ефикасен трик – чистење на радијатор со фен за коса. Методата е брза и не бара специјални алати:

  • Под радијаторот ставете влажна крпа или пешкир

  • Вклучете го фенот на силно дување

  • Насочете го воздухот низ горните отвори на радијаторот

Топлиот воздух ќе ја издува прашината која ќе се собере на влажната ткаенина. По неколку минути, доволно е радијаторот да се пребрише со крпа.

Резултатот е веднаш забележлив – побрзо и порамномерно загревање, почист воздух и помала потрошувачка на енергија. Чистиот радијатор работи поефикасно, што на долг рок значи и пониски сметки за греење во зима.