Имено, според бренд менаџерот на Heinz за Бразил, Луана Са, многу од луѓетот „не веруваат дека кечапот Heinz е есенцијално создаден од домати“.
Поради тоа, брендот во соработка со адвертајзинг агенцијата Africa ги преработиле етикетите на пакувањето за во себе да содржат семе од домат, со цел потрошувачите сами да можат да си одгледаат природни домати од видот кој го користи Heinz.
Од компанијата очекуваат дека со одгледувањето на сопствени домати, луѓето ќе негуваат разбирање за иницијалните процеси во производството на кечап, како што е изборот и бербата на доматот, пред производот да се готви и третира.
–Со оваа акција, сакаме да покажеме дека нашиот кечап го има овој посебен вкус затоа што ние го ставаме доматот на прво место, од нашите семиња, Heinz семиња, кои ги садиме и ги одгледуваме дома. Етикетата која може да се засадува го потврдува квалитетот и супериорноста на кечапот на Heinz, ја истакнува нашата главна состојка и го поканува потрошувачот да земе учество и да научи повеќе за овој процес, објаснува Луана Са.
Пакувањата со етикети кои можат да се засадуваат биле произведени во ограничен број, при што се продавале онлајн и во ланецот на супер-маркети Pao de Acucar во Сао Пауло.
Со цел да се поттикне учеството на потрошувачите во кампањата, брендот ги покани да споделуваат фотографии од растенијата кои ги пораснале со дадените семиња, во замена за ресторански попусти.