Денеска стапува на сила владината одлука за постепено исфрлање на пластичните кеси од употреба поради обезбедување на чиста животна средина.
Од денеска ќе може да добиете кеса во продавниците само по цена од 15 денари, а сите трговци кои нема да ги почитуваат новите законски одредби ќе се соочат со парични казни помеѓу 9.000 и 140.000 евра.
Наместо пластични кеси се воведуваат во пракса платнените кеси за повеќекратна употреба.