Појадокот е најздравиот и најважниот оброк во денот, влијае на нашето варење, метаболизмот, имунитетот, па дури и на расположението.
Нутриционистите често советуваат да не го прескокнувате појадокот, како и да не содржи одредена храна, а сега објасниле каков треба да биде појадокот, во зависност од тоа како спиете.
Ранобудниците и таканаречените „ноќни птици“ не треба да појадуваат ист појадок, бидејќи енергетските потреби на организмот не се идентични, вели нутриционистот Алекс Гловер.
Ако станете рано, потребен ви е силен појадок полн со протеини и влакна за да останете сити долго време.
Ако станете околу шест часот, во ред е да направите пауза од седум часа пред следниот оброк после ваков појадок.
–Јадете овесна каша, квалитетни протеини како јајца и пазете се од кофеин. Луѓето кои стануваат рано често се летаргични попладне и пијат кафе попладне, што може да го наруши енергетскиот циклус, како и циклусот на спиење, објасни Гловер.
Ако останете будни цела ноќ, и станувате доцна, потребни ви се јаглехидрати кои полека се ослободуваат.
–Изберете цели зрна, пецива или мусли што ќе се готват полека. Јадете парче овошје или зеленчук поради влакната. Појадокот не треба да биде силен, можете да јадете повторно за неколку часа, објасни тој.