Германскиот научник и добитник на Нобелова награда во областа на физиологијата, Харалд зур Хаусен, предупреди дека слабо проучен вирус, кој се наоѓа кај кравите, може да предизвика рак кај луѓето!
–Верувам дека домашните животни можат да бидат директни причини за рак на дебелото црево кај луѓето. Имаме експериментални податоци за поддршка на оваа хипотеза. Сепак, ова, се разбира, треба дополнително да се потврди, истакна Хаусен.
Други научници претходно предупредија дека употребата на црвено месо (говедско, телешко, коњско, овчо и свинско месо) го зголемува ризикот од добивање рак на дебелото црево. Но, Хаузен тврди дека опасноста не доаѓа само со говедско месо, но и со кравјо млеко, колку и да изгледа неверојатно.
–Традиционалното објаснување е поврзано со подготовка на месо за јадење на скара, па оттука и тврдењата дека тоа води до формирање канцерогени наслаги. Оваа теза го губи од вид фактот дека истите канцерогени материи се формираат со пржење риба и пилешко, и дека никој не мисли дека употребата на месо од пердувести животни и риби го зголемува ризикот од добивање рак на дебелото црево, нагласува научникот.