Македонскиот писател Тихомир Јанчовски ќе потпишува книги и ќе се дружи со читателите во недела (12.09) на Саем на книга во Скопје.
Љубителите на неговите книги и сите заинтересирани посетители ќе имаат можност да добијат потпис и поразговараат со авторот, од 11 до 14 часот.
Книгите „Влакно на јазикот“, „Се што знам за животот“, „Игла и конец“, „Осама“, „Тихување“ и др. се веќе во продажба на штандот на книги на Оливера Ќирковиќ.
Заинтересираните читатели кои нема да имаат можност да присуствуваат на Саемот на книга во недела, ќе може да ги најдат во продажба книгите до крајот на Саем на книга, вторник, 14ти Септември, 17.00 часот.