Пописот е коалиционен дил помеѓу СДССМ и ДУИ и СДССМ за да останат на власт спремни се да го спроведат па макар пропаднал и светот. Тоа што и они се дел од светот па и они ќе пропаднат со него е предлабока мисла за нив. Па зборуваат како пописот е само статистичка операција, дека ќе има казни, дека е безбедно по здравјето итн.

Толку е пописот обична статистичка операција што Арбер Адеми, поранешен министер, сега пратеник од ДУИ си излезе со изјава дека ако не му одговара процентот на Албанци нема да биде признаат пописот. Толку е обична статистика операција што Али Ахмет со видео ги повика Албанците од дијаспората да се попишат за да бидат повеќе застапени во државните институции. Толку е обична статистичка операција што ако заменикот директор на Завод за статистика, кој е од ДУИ, не ги потпише резултатите од пописот тие ќе бидат неважечки, а ако не му одговара процентот нема да ги потпише!

Во исто време и од Бугарија лицитираат со бројки на Бугари во Македонија. Ни честитаат 8 Март со карта на Голема Бугарија. Бугарскиот Претседател бара бугарските служби да ги заштитат Бугарите во Македонија, а и бугарска е фирмата која ја изработи веб страната за пописот. И во едно друго време вака се лицитирало со проценти и се делеле бројки на Срби, Бугари и Грци во Македонија. Разликата е што тогаш не се признавале никакви Македонци, а сега се признаваат ама како измислица на Тито. А што им била целта за таквите лицитации и делења? Еве еден пригоден цитат: „Делењето е вештачки создадено од балканските државички со намера да ја делат Македонија со стекот на околностите”. Ова се цитат од Мисирков напишани во 1903 година, пред 118 години. Знаете што се случи потоа? Се случија пет војни за поделба на Македонија. Две балкански, две светски и една која на галено си ја викаме конфликт. На кај мислите дека оди оваа сегашнава делба на бројки и сегашниве лицитации со проценти? До толку повеќе што главните актери од последниот конфликт се главни актери и во оваа операција.

Во однос на казните, господата од власта биле многу силни. Ќе казнувале. А до каде е предметот „Попис” во кој се осомничени Груевски и Ахмети оти го прекинаа пописот од 2011 и со тоа нанесоа штета од неколку милиона? Ај Груевски побегна, ама Ахмети е тука. Што бидна, до кај сте со казнувањето? Ај вака правнички да ви објаснам. Согласно член 26 од Уставот никој не смее да ми влезе дома без судска одлука. За да теретите некој за одбивање да учествува во пописот прво треба да ви отвори врата. Во спротивно може само да му ја бакнете вратат и да се сликате во боја. Дополнително согласно член 39 од Уставот секој граѓанин има должнсот да го чува сопственото здравје и здравјето на другите така што слободно можете да се носите во попис па на лево.

По однос на здравјето, градоначалникот на Гевгелија на 11 март изјави дека состојбата е многу лоша бидејќи бројот на новозаболени само за неколку денови е скоро ист како за цела мината година. Дека модуларната болница и Дневниот КОВИД- центар се преполни со пациенти и дека недостигаат здравствени работници бидејќи дел се заболени или пак се во изолација.

А еве каква ми е ситуацијата и на приватен план. Пола од членовите на поширокото семејство, а сме прилично голема тајфа, ми се или болни или прележаа. Тие што поминаа потешко ќе мораат на рехабилитација и кој знае колку време ќе им треба да се опорават. Претрпевме и трпиме куп стресови, потрошивме и трошиме куп пари, а имаме и смртен случај.

Во ваква ситуација да буткаш попис треба да си умоболен. А за умоболните од власта денот за наплата ќе стигне. Ама вие бре попишувачи? Вас во време кога со пописов не буткаат во нова војна и кога секој ден таблите се полнат со нови некролози ве интересира само попишувачката дневница? Не отворам врата е малку за вас. Само обидете се да ми влезете во двор, така добро ќе ве пречекам и испратам што има да ви се смачи од животот.

Автор: Саше Јанчев