Народниот правобранител заедно со на членовите од независниот механизам за мониторинг на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост до Државниот завод за статистика, достави Препорака со која бара да се направи корекција, промена, односно подобрување на содржината на Прашалниците кои ќе се користат при реализирање на Пописот, а кои ќе се однесуваат на лицата со попреченост, со цел да се даде реална слика за истите.
Исто така, побара во иднина, во активностите поврзани со донесување/измена или дополнување на закон, изработка на прашалници и слични прашања кои се однесуваат на лицата со попреченост, самите лица со попреченост задолжително да бидат консултирани и активно вклучени.