Бројни научни истражувања покажаа дека за време на божиќните и новогодишните празници е забележан пораст на бројот на срцеви удари и дека меѓу 25 декември и 1 јануари повеќе луѓе умираат од срцев удар отколку во кое било друго време од годината.
Американското здружение за срце (АХА) предупреди дека повеќето луѓе умираат од срцев удар во споменатиот период бидејќи сезоната на празници е стресна за многумина.
Се консумираат многу храна, алкохолни пијалоци, а луѓето помалку се движат.
Затоа оваа водечка непрофитна организација во светот, фокусирана на здравјето на срцето и мозокот, даде предлози и понуди совети кои би можеле да ви помогнат да поминете среќна и здрава празнична сезона.
–Празниците за повеќето луѓе се стресен период во кој обично треба да исполнат многу обврски, често во исто време. Рутината е нарушена, повеќе јадеме и пиеме, а помалку вежбаме и помалку се релаксираме.
Во исто време, многумина од нас не го слушаат своето тело или не обрнуваат внимание на предупредувачките знаци, како што се притисокот и болката во градите, често придружени со отежнато дишење, мислејќи дека одењето на преглед може да почека да завршат празниците.
-За време на оваа празнична сезона, сето горенаведено може да придонесе за зголемен ризик од срцев удар, предупредуваат д-р Доналд Лојд-Џонс, претседател на Американското здружение за срце и Ајлин М. Фоел, кардиолог и шеф на Одделот за превентивна медицина на Медицинскиот факултет Фајнберг на Универзитетот во Чикаго на северозападниот универзитет.
–Ситуацијата може да биде уште потешка за сите оние кои поради пандемијата на ковид и ограничувањата минатата година не успеаја да ги поминат празниците со семејството и пријателите. Исклучително е важно луѓето да бидат свесни за овие ризици. Ве советуваме да ги преземете неколку едноставни чекори кои ќе ви помогнат да го одржите вашето срце здраво, а тоа ќе ви овозможи да имате уште многу прослави во новата година, се согласуваат американските кардиолози.
Има неколку работи што треба да ги имате на ум оваа празнична сезона, а листата можете да ја проверите двапати.
Би било добро да знаете кои се симптомите на срцев удар за да можете да ги преземете вистинските чекори доколку е потребно.