Агорафобија (грчки αγοραφοβία; од зборот άγορα – плоштад и φοβος – страв) првично значело страв од отворен простор, додека денес овој израз се однесува на множество стравови за јавни места.

Исто така означува страв од отворен простор и толпа луѓе и мислење дека во такви место по ненадејна попреченост не би можеле да избегаме или да побараме помош.

Агорафобијата сочинува 60% од сите фобии откриени со клинички прегледи.

Почеста е кај жените, а започнува во адолесценцијата или раната зрелост.

Нарушувањето често започнува со повторливи напади на паника, а други симптоми вклучуваат напнатост, вртоглавица, поблаги форми на присилно проверување, идеи за џвакање (руминацио), страв од губење на умот и депресија.

Страв од височина (акрофобија) или затворени простори (клаустрофобија) е исто така често нарушување.