Од првиот квартал 2021 година и истиот квартал од 2022 година, професијата што забележа најостро процентуално зголемување на бројот на вработени лица во ЕУ беа Aсистенти за подготовка на храна, со пораст од 25,1 процент, со што од речиси 1,1 милион луѓе опфатени во оваа дејност, бројката порасна на речиси 1,4 милиони луѓе.
Второто најголемо зголемување, 15,6 отсто, имало во групата работници за лична услуга, која се однесува на придружници, кондуктери, водичи, готвачи, келнери и шанкери, фризери, козметичари и надзорници во градежништвото и домаќинството. Во првиот квартал 2022 година, оваа професионална група имаше 7,6 милиони работници.
Следни на листата водечки професии со најостро процентуално зголемување на бројот на вработени се професионалците од бизнисот и администрацијата (+7,4 отсто), занаетчиството и печатарството (+6,7 проценти), техничари за информации и комуникации (+5,9 отсто), науката и инженерски професионалци (+5,7 проценти) и менаџери за производство и специјализирани услуги (+5,3 отсто).
Спротивно на тоа, работниците во земјоделството, шумарството и рибарството забележаа најзначајно намалување од првиот квартал 2021 до истиот период 2022 година и тоа со високи -12,6 проценти.