Светската економска криза која според економистите е директна последица на војната во Украина и спречениот нормален извоз на намирници од и преку Украина доведе до намалување на голем број намирници.
Намалувањето на намирниците се забележува со еден обичен преглед на состојбата на рафтовите во маркетите. На почетокот од кризата сончогледовото масло беше прво на удар на несовесните потрошувачи кои правеа огромни залихи и со тоа целосно ги испразнија рафтовите на маркетите.
Новата цената на сончогледовото масло е во најва да достигне рекордна цена од 200 денари, што е највисока цена во историјата.
Покрај растот на цените на маслото, постојано растат цените на нафтените деривати, услугите и другите прехрамбени производи. Зголемувањето на цените во одредени случаи е поголемо дури од 300%.
Први на удар сега се ефтините прехрамбени производи како инстант супи, макарони и млекото. Рафтовите од маркетите во делот каде што се наоѓаат овие намирници полека се празни, а произведувачите и трговците велат дека е неопходно да има зголемување на цените и на тие производи бидејќи растат и цените за производство, транспорт, достава и сл.