МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели.
Граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.
Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.
Во текот на вчерашниот ден согласно соопштението на ЦУК активни беа 6 пожари на различни подрачја од Македонија, а со промена на временските услови и новиот топлотен бран кој се очекува да настапи викендов, ризиците од нови пожари се зголемуваат.