Македонија останува на позицијата дека треба да се искористуваат сите можности за изнаоѓање соодветно, заемно решение за билатералните разлики по различни прашања.
Една од мотивите е да се врати довербата на бугарската страна во ефикасноста и успешноста на Договорот за пријателство од 2017 година, соопшти Министерството за надворешни работи известувајќи за втората посета на Софија со специјалниот пратеник на Македонија – Владо Бучковски.
Бугарија денеска ќе го даде одговорот на Акцискиот план со што се отвораат надежите за побрзо изнаоѓање на решение.