Работам напорно. Имам досадни и неспособни шефови. Морам да се задржам на работното место поради кредитот кој го исплаќам во банка за колата. Немам опција да сменам работно место бидејќи во мојата струка тешко се наоѓа поплатено работно место. 

Ја сум економист со средно школо. Кога ги започнав студиите, се запознав со мојата сегашна сопруга. По една година врска одлучивме да стапиме во брак, по еден месец од брачниот живот дознавме дека таа е бремена и го носи нашето прво дете.

Бев млад кога ми се роди ќерката и рано научив да прифаќам обврски околу семејството, работата и финансиско ситуирање бидејќи мојата сопруга не работеше и се грижеше само за детето.

Се вработив, примав плата и дополнително работев со татко ми, кој инаку е столар. Се со цел подобро да го ситуирам семејството.

По 6 години ми се роди и второто дете, односно синот. Иако јас не сакав уште едно дете бидејќи чувствував дека не можам финансиски да го издржам семејството, мојата сопруга инсистираше да имаме барем уште едно дете.

Мојот син, ми донесе и радост, но и дополнителни обврски. Морав да работам за да го обезбедам и него, но и ќеркичката која тргаше во школо во периодот кога брат и се роди.

Бев буквално растргнат помеѓу работата, заработката и семејството и никако не можев да им објаснам на моите домашни дека сум преморен.

Со сопругата имаме расправии доколку излезам еднаш во месецот на неколку часа со колеги од работа и се напијам по некое пиво. Ме критикува дека децата не сум ги видел и често ги врти децата против мене, бидејќи тие пораснале со неа и се поприврзани со неа.

Што да правам кога јас морав да заработам, за да имаат да јадат, пијат, се образуваат… Но тие за се ја поддржуваат мајка им, а мене ме обвинуваат дека не сум поминувал доволно време со нив.

Допрва доаѓаат тешки денови, а јас сум преморен од работа и работно место полно со стрес. Едноставно ми доаѓа да избегам од се и да ми олесни барем малку. Секако никој во животот ни фала нема да ми рече.

Писмо од Роберт А.