Според последните податоци на Градскиот штаб за вонредни состојби во Врање за време на викендот вакцинирани се 927 граѓани на Република Македонија.
Од ПР службата на Здравствениот дом во Врање соопштија дека досега во овој град со првата доза се вакцинирани 2.032 граѓани на Северна Македонија.
Од денес граѓаните на Северна Македонија можат да се вакцинираат на главниот пункт за вакцинација во Врање.
Вакцинацијата се одвива во Спортската сала, без претходно закажување и претходно подготвени списоци.
Од Здравствениот дом во Ниш изјавија дека и во овој град македонските државјани можат да се вакцинираат без закажување преку е-Управа.
Покрај граѓаните на Србија, македонските граѓани и граѓаните на БиХ, можат да се вакцинираат и во Нови Сад без покана од е-управа.
Достапни се вакцините на Синофарм, Астразенека и Фајзер, додека „Спутник В“ се дава само на граѓаните кои добиле покана од е – Управа.