Луѓето кои одгледуваат растенија или миленичиња се посреќни бидејќи времето го посветуваат во „нега“ на живо суштество.

Особено, луѓето кои имаат цвеќиња се сметаат за поисполнети и радосни, бидејќи цвеќињата бараат посебно внимание и нега.

Еве неколку причини да посадите цвеќе во домот:

Цвеќето ви дава поинаков увид во настанувањето на животот и неговиот развој и ви вградува унапредувачки навики кон живите суштества базирани на нега, помош и внимание.

Организација на време

Одгледувањето на цвеќето ви го организира времето. Секојдневно ќе имате обврска да надгледате цвеќето, да му ставите вода или да проверите дали е изложено доволно на светлина.

Разубавување на простор

Кога ќе влезете во дом каде што има голем број на цвеќиња, веднаш ја чувствувате топлината на домот. Цвеќињата освен што го разубавуваат просторот ја докажуваат и внимателноста на нивниот негувател односно вашиот домаќин.

Создавање нови вредности

Кога ќе видите дека секој ден нешто расте и го менува обликот и бојата пред ваши очи, имате подлабок увид во тоа што претставува животот.

Затоа луѓето кои одгледуваат цвеќе обично имаат унапредувачки навики за животната средина, па од нив нема да очекувате да кинат лисја и цвеќиња во планина или во дивина.