На Националниот совет на Хрватска посветен за воведување на еврото, денеска се претставени избрани дизајни на хрватските монети во евро и центи.
Најмногу гласови доби ликот на Никола Тесла. Избраните мотиви се шаховска табла, географска карта, куна, Никола Тесла и глаголица, рече тој.
На две евра ќе има географска карта, на едно евро ќе има куна, на 50, 20 и 10 центи Никола Тесла, а на помалите апоени на центите ќе има глаголица.
На монетата од две евра ќе биде изгравиран и стихот на Гундулиќ:„O lijepa, o draga, o slatka slobodo”.