Ако се прашувавте дали почна летото, поради високите температури и сончевото време, одговорот е дефинитивно НЕ.
Веќе од утре временските услови ќе бидат сосема поразлични, а се очекуваат обилни врнежи од дожд и намалување на температурите.
Еве какво време не очекува утре:
Сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови.
Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер.