Зелката е еден од ретките зеленчуци што можете да ја јадете конзервирана или кисела, но и свежа. Така што достапноста на зелката е највисока во текот на сите годишни времиња.

Сепак свежата зелка има голем број на предности пред киселата зелка. Содржи голема концентрација на витамини Ц и К (кој ретко се наоѓа во другите намирници).

Покрај тоа свежата зелка има ензими за самораспаѓање кои ќе ви го помогнат варењето на храната и ќе ја зголемат искористивоста на есенцијалните состојки од зелката.

Затоа, во текот на летна сезона јадете салата од свежа зелка што почесто.

Наместо салати кои содржат терминички подготвени состојки, или мешавина од повеќе состојки што често може да биде и со повеќе калории од предвидените, зелката може да ја јадете во бесконечни количини и да бидете сигурни дека тоа нема да се одрази на бројките од вагата.