Семејствата се составени од различен број на членови и сите се различни помеѓу себе, по пол, функција, возраст, статус и сл.
Но среќните семејства успеваат да се одржат и да бидат функционални и компактни.
За да се стигне до таа цел, потребно е што поголем број на заеднички активности.
Еве кои навики ги имаат среќните семејства:
- Барем еднаш неделно – заедничко подготвување на ручек
Обично недела е денот кој го посветуваме сите на нашето семејство, бидејќи недела е неработен ден и сите можеме да го посветиме слободното време едни на други.
Заедничко подготвување на неделна трпеза и заеднички семеен ручек се една од навиките што ја имаат среќните семејства.
- Заедничко излегување
Секој има свое друштво, но заедничко семејно излегување е секогаш добро за кохезијата на семејната група.
Среќните семејства барем еднаш неделно заеднички излегуваат – на пикник, во ресторан или на прошетки.
- Уредување на домот
Сите имаме барем еден ден во неделата на кој правиме генерално чистење на домот.
Во тие денови среќните семејства ги делат обврските и секој има свој придонес во уредувањето на домот.
На тој начин освен што се солидаризира, семејството и се забавува и одвојува заедничко време за разговор и дружење.
- Шопинг
Кога одите во маркет да ги набавите потребните производи не одете сами, земете ги и другите членови на семејството да учествуваат во изборот на продукти.
Разгледувајте ги заеднички цените, следете ги понудите, разговарајте за приуштивоста на намирниците и сл.
На тој начин секој ќе може да направи избор согласно условиите и ќе се почувствува прашан за донесување на одлука што треба да се набави.