Во сабота, на 29ти со почеток во 12 часот во Нови Сад, Република Србија ќе се одржи меѓународен книжевен фестивал „Поглед од Македонија“.

Организатори на настанот се Здружение на писатели од Нови Сад, извавачка куќа Восток, општина Нови Сад, здружението Зелен културен корнер, како и „Сцена“.

Вкупно 5 млади поети од Битола ќе бидат гости на книжевниот настан и заедно со поетите од Нови Сад ќе ги читаат своите авторски песни на македонски јазик.

Модератор на настанот ќе биде Наташа Бундало-Микиќ.