Како дел од кампањата, тие открија дека всушност никогаш не бил фустан на знакот на женски тоалет.
Еден од претставниците на компанијата „Axosoft“ потврди дека фустанот во форма на триаголник на женскиот знак за тоалет, всушност никогаш не претставувал фустан.
- Кој би рекол?
Станува збор за наметката, која требаше да каже дека жените можат да бидат суперхерои, пишува Mirror.
– Во науката, технологијата, уметноста, математиката, политиката, на улиците и во нашите домови жените често се невидливи, непоканети или едноставно заобиколени. Девојките и жените кои се заинтересирани за наука, технологија, механика и математика се малцинство – велат од компанијата „Аксософт“.
Нивната кампања „Никогаш не е фустан“ има за цел да поттикне разговори за прифаќање жени во која било професија. Не се работи само за родова еднаквост, туку и за пополнување на големиот недостиг од работни места во бројни занимања, објави ДДЛ.