Понекогаш крај не значи дефинитивен крај, туку е само подолга пауза по кој се отвораат нови шанси за повторно отпочнување и градење на некој однос.
Но како да знаете дека е дефинитивно крај во пријателството или љубовта?
- Молк
Кога некој нема потреба да ви се обрати, тогаш дефинитивно кажал се што требало да се каже и веќе не гледа перспектива во вас.
Молкот и непостоењето на комуникацијата се сериозен показател дека е крај и дека треба да престанете да се надевате.
- Несериозност
Кога некој ќе ви каже дека ќе остварите средба во наредните денови а тоа никогаш не се случува, или ги откажува плановите како што сака, тоа значи дека не му е веќе гајле за вас.
Понекогаш дава ветување само за да ве откачи или да го продолжи времето сами да сфатите дека веќе не сте дел од неговиот/нејзиниот живот.
- Игнорирање
Има бесконечно игнорирање на сите ваши обиди да се доближите.
Со тоа покажува дека вие немате никакво значење во неговиот/нејзиниот живот, толку е рамнодушен/на што нема ниту потреба да ви ги правда своите одлуки.
- Може без се што ве врзува
Кога една личност дефинитивно пресекла, таа пресекла со се што ве поврзува заедно.
Нема да ви се јави по неколку седмици да го побара новчаникот што го заборавила кај вас, туку ќе избегнува средба со вас по секоја цена, дури и откажувајќи се од работи кои и се важни!