Болки во грлото, настинка, кивање, необјаснет замор … се повеќе од јасни знаци на пад на имунитетот.

Сепак, постојат и такви кои најчесто им ги припишуваме на стресот и нервозата, а тие исто така укажуваат на тоа дека здравјето и еластичноста на нашето тело се распаѓаат.

Ова се трите најнеочекувани симптоми кои покажуваат дека вашиот имунитет е ослабен.

Дебелина или прекумерно слабеење

Губење на апетит доведува до недостаток на витамин и општа слабост, и секако, до нагло слабеење.

Од друга страна, прекумерната тежина, но и потребата за слатки на кои не можете да им одолеете, може да покажат дека нешто не е во ред со имунитетот.

Причини

Најчести причини за намален имунитет се недостаток на сон, стрес, лоша исхрана, прекумерен физички напор, недоволен внес на течности, но и генетика.

Сува нос

Ако често имате настинка и течење на носот, ова може да покаже дека вашето тело е ослабено.

Сепак, сувиот нос исто така може да биде аларм дека нешто не е во ред со вашето здравје.

Ако го имате овој проблем, зголемете го внесот на витамини.

Промени во мукозната мембрана на усната шуплина

Состојбата на организмот се рефлектира на сите органи, особено во усната шуплина.

Ако почувствувате бели промени во устата и јазикот (рани), може да има проблем со намален имунитет.