Колку и да одите понатаму во животот и се дистанцирате од него или од неа, тој/таа постојано сметаат на вас како на некој свој.

Во принцип не е пракса луѓето кои се разделиле да обликуваат нова форма на однос, туку го затвораат односот засекогаш.

Само опседнатите луѓе со вас, не ве сакаат вистински и не се подготвени да се менуваат за љубовта, тие ќе одглумат промена само да ве придобијат и за многу скоро ќе го видите нивното вистински лице повторно.

Суштината е, дека колку и шанси да давате на вашиот однос, тој/таа никогаш нема да се промени на подобро бидејќи опседнатите луѓе немаат љубов која ги менува, туку интерес бидејќи на вас гледаат како своина и трофеј.

Секој од нас има по еден опседнат поединец со нас и нашиот живот, тоа најчесто е поранешен партнер или некој што сака да ве има, а вие не му давате пристап до себе.

И сите различно се справуваме со таквите профили на луѓе, но важно е да препознаеме дали е вистинска љубов или чиста потреба некој да ве поседува.

Доколку некој е опседнат со вашиот живот, траекторија на движење, вашите односи со други луѓе, смета дека секогаш има право да ви се обрати и ве држи за зборови, ветувања, договори и сл. дефинитивно имате проблем со личност која не е добредојдена во ничиј живот!