На својот фејсбук профил, министерот за здравство Венко Филипче во контекст на кампањата за носење на маска, посочува дека носењето маска е сигурен начин на заштита од трансмисија на корона вирусот.
Во објава реферираше на јапонско истражување кое открива степен на заштита од трансмисија на микроорганизми во согласност со типот на маска што ја носите.
-Научните студии докажуваат дека маските се ефикасен начин да го спречиме ширењето на коронавирусот. Последното истражување спроведено во Јапонија прецизно го утврдува процентот на заштита од различниот тип на маски. Носењето маска значи грижа за здравјето на сите околу нас и значаен придонес во битката со пандемијата, објави министерот на својот фејсбук профил.