Фризерско-козметичарските салони и цвеќарниците се единствените меѓу услужните дејности кои се водат како занаетчиски за кои ќе може да се направи отстапка и да им се дозволи да работат во недела. Тие сега немаат право да работат во недела, а како што информираат од нивната Комора, вчера на средба со министерката за труд и социјална политика добиле ветување дека отстапката за фризерите, козметичарите и за цвеќарите ќе се направи преку измени на Законот за работни односи.
Ние баравме да може да работат во недела сите занаетчии кои работат сами за себе и кои ќе сакаат да бидат отворени во денот за неделен одмор. Не сме задоволни од договореното, но ние не протестираме, па ќе се обидеме да договориме уште еден состанок, на кој се надевам дека ќе успееме да докажеме дека свадба без фотограф не бива. Кој ќе ги снима и ќе ги слика свадбите во недела ако фотографите не смеат да работат?, вели за весникот ВЕЧЕР Сашо Богоевски, претседател на регионалната Занаетчиска комора – Охрид и потпретседател на Комората на занаетчии на Македонија.
Фризерско-козметичарските салони и цвеќарниците се единствените меѓу услужните дејности кои се водат како занаетчиски за кои ќе може да се направи отстапка и да им се дозволи да работат во недела.
Занаетчиите сега немаат право да работат во недела, а како што информираат од нивната Комора, вчера на средба со министерката за труд и социјална политика добиле ветување дека отстапката за фризерите, козметичарите и за цвеќарите ќе се направи преку измени на Законот за работни односи.