Патувањето помеѓу италијанските покраини ќе биде забрането од 21 декември до 6 јануари, а луѓето нема да смеат да го напуштаат градот на 25 и 26 декември и 1 јануари.
Италијанската влада соопшти дека воведува забрана за време на новогодишните празници со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Новите правила, заедно со веќе воведениот полициски час, ќе се обидат да ја запрат циркулацијата на вирусот низ земјата за време на празничниот период, со ограничување на бројот на луѓе собрани на едно место.
– Ако ја спуштиме нашата одбрана сега, третиот бран нè чека веднаш зад аголот – рече министерот за здравство Роберто Сперанца.