Мета би можелa да ги затвори социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм во Европа доколку не ѝ биде дозволено да ги пренесува собраните податоци меѓу Европа и Соединетите Американски Држави (САД).

Мета се соочи со голем број проблеми кога станува збор за пренос на податоци бидејќи механизмите на кои досега се потпираше повеќе не се во согласност со новите европски регулативи кои се однесуваат на заштитата на приватноста и личните податоци.

Доколку не се усвои нова трансатлантска рамка за пренос на податоци и не можеме да продолжиме да се потпираме на „стандардни договорни клаузули“ или други алтернативи за пренос на податоци помеѓу Европа и САД, најверојатно нема да можеме да ги обезбедиме нашите многу важни производи и услуги, вклучувајќи ги Фејсбук и Инстаграм, во Европа, се вели во годишниот извештај на Мета.

Американските и европските компании разменија и собираа податоци „преку океанот“ во рамките на механизмот „Штит на приватност“, кој беше позитивно оценет од Европската комисија во 2016 година.

Меѓутоа, во јули 2020 година, Европскиот суд на правдата ја прогласи оваа одлука на Европската комисија за неважечка.

По оваа одлука, сите трансфери на лични податоци од ЕУ во САД според овој механизам беа незаконски.

По одлуката на Европскиот суд, комесарот за информации од јавно значење и заштита на лични податоци ја повика Владата на Македонија да ги усогласи домашните прописи со европската практика.