„Volks bank” и „Raiffeisen bank” во Германија планираат да ги откажат трансакциите во готовина во сите свои филијали од 1 декември оваа година.

Плаќањата и повлекувањата во филијалата (шалтер и банкомат) повеќе нема да бидат можни во иднина, се вели во писмото што клиентите го добиле од Рајфајзенбанк Хохтаунус.

Финансиската институција која припаѓа на „Volks bank” во основа целосно ги суспендира операциите со готовина за клиентите, пренесува „Fenix ​​Magazine”.

Како што велат од „Raiffeisen bank”, готовинските плаќања и самиот готовински промет со години постојано се намалуваат, што е видливо и на банкоматите.

Неодамна имавме само двајца посетители на час, објаснува извршниот директор на „Raiffeisen bank”.

Бидејќи специфичното однесување на клиентите значително се промени во последниве години, „Volks bank” и „Raiffeisen bank” сакаат да ги пренасочат плаќањата во дигиталниот сектор.