Анализирајќи ја анкетата спроведена на повеќе од 21.000 жители на Тромсо, тимот дојде до интересни заклучоци. Учесниците во оваа прилика одговараа на прашања поврзани со количината на кафе испиено во текот на денот, како и со типот што најмногу го преферираат.
Вториот дел од истражувањето вклучуваше земање примероци од крв, кои директно дадоа одговори на поврзаноста помеѓу здравјето, полот и начинот на подготовка на кафето.
Во оваа прилика ги зедоа предвид и веќе познатите здравствени состојби на испитаниците. Кога собрале и одзеле сè, заклучиле дека жените пијат во просек по четири шолји кафе, додека мажите пет.
Овие податоци им помогнале да заклучат дека пиењето три до пет шолји еспресо „значително“ го зголемува нивото на холестерол кај мажите.
Од друга страна, консумацијата на француско кафе доведе до зголемување на холестеролот без разлика на полот. Филтерот за кафе имал најголемо влијание врз зголемувањето на мастите во крвта кај жените.
Интересно е што инстант кафето, доведе до зголемување на холестеролот и кај двете, но не со иста брзина.