Од замрзнат спанаќ до домати, од сок од портокал до печурки, храната е толку тешко да се произведе без инсекти што дури и регулаторите се откажаа од обидот.
Невозможно е да се произведе храна без несакани адитиви, толку многу што Американската агенција за храна и лекови (ФДА) прецизира колку инсекти може да има во храната што ја јадеме.
Јавноста беше згрозена од веста дека децата на Анџелина Џоли секојдневно јадат скорпии, тарантули и бубачки, а ние не сме ни свесни што си внесуваме во себе со храната што ја јадеме секој ден. Еве која храна има најмногу инсекти:
- Грини во леб
Грините често се присутни во пченичното брашно и другите житарки кои се чуваат во шкаф некое време. Грини од храна може да предизвикаат ист тип на алергиски реакции како и нивните колеги од прашина.
- Јајца од муви во домати
Јајцата од мува се наоѓаат во конзервирани производи од домати. Пастата од домати, пирето, сокот и сосот може да содржат различни количества мушички и сепак да бидат легални за консумирање. На пример, доматно пире може да содржи 19 или помалку мушички јајца на секои 100 грама.
- Црви во спанаќ
„Црвите од спанаќ“, попознати како гасеници, може да се помешаат во вашето смути ако користите замрзнат спанаќ за да го направите. Во половина килограм спанаќ, можете да најдете црви кои не надминуваат должина од 12 милиметри.