Иако долго време се зборуваше дека потрошувачката на грав е добра за здравјето, денес на овој зеленчук му се посветува уште поголемо внимание поради новите информации донесени од научниците.
Гравот има висока енергетска вредност и ги содржи скоро сите есенцијални аминокиселини.
- Зошто гравот е добар за здравјето?
Научниците откриваат дека диетата богата со грав може да го намали ризикот од срцеви заболувања и одредени видови на рак.
Упатствата на американската влада од 2005 година за здрава исхрана препорачуваат дневна доза од три чаши грав неделно.
Гравот има висока енергетска вредност и ги содржи скоро сите есенцијални аминокиселини.
Покрај тоа, содржи лецитин, како и калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк и натриум.
Тој е одличен извор на протеини, и за разлика од другите извори, гравот има малку маснотии, па затоа не содржи заситен или холестерол.
Од витамини, тој е одличен извор на фолна киселина, витамини Б6, К, рибофлавин (Б2) и Б3.
Опсегот на фитохемикалии кои се наоѓаат во гравот ги штити клетките од рак и го забавува растот на туморот.
Истражувачите од школата за јавно здравје на Харвард изјавија дека жените кои консумирале грав најмалку двапати неделно имале 24% помалку шанси да развијат рак на дојка, срцеви заболувања, дијабетес тип 2, висок крвен притисок и рак на дебелото црево.