И оваа година за Денот на ретките болести 2022 од 1ви февруари Hotel Bograd-Apartments& Lounge Station се приклучува кон глобалниот повик на осветлени објекти во знак на поддршка на пациенти кои се борат со ретки болести.
За сите лица кои живеат со ретка болест, влијанието се чувствува секој ден од животот, живеењето со ретка болест бара доживотно, често сложено и предизвикувачко управување.
Ретките болести не се ретки ако работиме и изградиме подобар свет како за поединците, така за нивните семејства и општеството, велат од тимот на Хотел Боград.
28 дена Hotel Bograd – Apartments & Lounge Station ќе блеска во боите на ретките болести.
Во Македонија се регистрирани над 530 лица со ретки болести, а од нив 150 се со цистична фиброза која се третира како исклучително ретка болест и за која се уште не постојат доволно медицински сознанија.