По информацијата дека првите дози на вакцини ќе стигнат во Македонија во февруари месец, додека сите земји од сосдеството веќе набавија вакцини и тоа од неколку различни произведувачи, денеска премиерот на Македонија објави среќна вест.
Имено, преку сервисите за јавно информирање, тој ја информираше јавноста дека во договор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ му било ветено испорачување на 8.000 вакцини од произведувачот „Фајзер“ по набавна цена.
И додека за претставниците на владата ова е среќна вест на која македонските граѓани треба да се радуваат, реакциите на јавноста се сосема различни.
Најголем дел од коментарите се дека наместо владата да работи како и другите влади од соседството и самостојно да набави вакцини, нашата влада проси од сите од земји од соседството и бара милост.
Засега не е познато како ќе бидат испорачани вакцините од Србија до Македонија, транспортот на вакцините ќе го договорат во телефонски разговор министрите за здравство на свете соседни држави.