Министерот за здравство Венко Филипче објави дека македонските граѓани покажуваат голем интерес за пријавување за имунизација против коронавирус.
Имено, со почеток од вчера започна електронското пријавување за вакцинација на официјалната web платформа (vakcinacija.mk).
За само неколку часа од пуштање во употреба на платформата за вакцинирање, се пријавиле 8000 лица, објави министерот за здравство.
Засега Македонија нема добиено вакцини против коронавирусот, а се очекува првите вакцини да бидат од произведувачот „Фајзер“ што Македонија ќе ги набави од Србија.
Потпишан е договор и со кинеска компанија која наредниот период треба да ги достави порачаните дози.
Македонија чека вакцини од „АстраЗенека“ преку КОВАКС системот и вакцини кои се порачани директно од произведувачот „Фајзер“.