Германија ги заострува ограничувањата во борбата против коронавирусот, па се воведува „заклучување“ за оние кои не се вакцинирани против коронавирусот, беше соопштено по состанокот на кој присуствуваа канцеларката во заминување Ангела Меркел и нејзиниот наследник Олаф Шолц.

Воедно, најавено е дека следниот чекор што ќе се залага земјава е задолжителната вакцинација.

Нови чекори беа преземени по средбата меѓу Меркел, Шолц и лидерите на 16-те провинции во земјата. Тие потврдија дека предлог-законот за задолжителна вакцинација, кој го поддржува Шолц, ќе биде доставен до парламентот во февруари или март.