Извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, во понеделникот рече дека не е сигурен дали ќе ни треба четврта доза вакцина против Ковид-19 и дека вакцината со варијантата омикрон ќе биде готова во март.
Неговото мислење е во судир со извршниот директор на Мoderna, Стивен Бансел, кој минатата недела рече дека на луѓето во есента 2022 година веројатно ќе им биде потребна четврта доза поради намалената ефикасност на засилената вакцина.
„Не знам дали има потреба од друг засилувач“
Не знам дали има потреба од друг засилувач, тоа е нешто што треба да се тестира, рече Бурла, цитиран од Ројтерс.
Тој додаде дека се работи на нова верзија на вакцината против ковид-19, која треба да биде ефикасна против омикрон, но и други варијанти.