Во однос на типот на вакцините, потребно е имунизација да се изведе со вакцина од ист прозводител, освен доколку не постои здравствена контраиндикација за истото, е дел од препораките на Националниот комитет за имунизација што денеска ги сподели министерот за здравство Венко Филипче, на својот фејсбук профил.

Но дека припадниците на лекарската фела имаат различни изјави околу комбинацијата на вакцините и нивното влијание врз имунитетот докажува и фактот дека српската лекарка Тања Јовановиќ за емисијата „Магазин“ што се емитува на првата програма на „Радио Белград“ изјави дека комбинацијата на различен тип на вакцини може да даде поефикасни резултати.

Јовановиќ наведува дека третата доза од вакцината се препорачува, пред се, за имуно-компромитирани луѓе, кои страдаат од најтешките форми на болеста – со што се зајакнува нивниот имунитет. Таа верува и клиничките студии покажаа дека комбинацијата на различни видови вакцини може да даде добар резултат, особено во контекст на обезбедување максимален имунитет, стои во објавата на РТС.