Денеска Венко Филипче му ја предаде министерската фунцкија на новиот министер за здравство д-р Беким Сали.
На неговиот фејсбук профил тој му посака успех и среќа во извршувањето на функцијата министер за здравство.
Функцијата министер за здравство му ја предадов на д-р Беким Сали. Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата. Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумит, стои во објавата на Венко Филипче.