Велигден секоја година го менува својот датум, го нарекуваат и празник „движен“, но секогаш се паѓа и се празнува во ист ден – недела.
Датумот кога ќе падне Велигден, од година во година, се пресметува со пресметки врз основа на астрономски мерења, односно со користење на црковниот календар. Велигден по Јулијанскиот календар никогаш не паѓа пред 4 април и никогаш по 8 мај.
Велики петок се празнува на посебен начин, а значи тажен ден бидејќи е денот кога Исус бил распнат на крст. На тој ден во црквите нема богослужба, а камбаните не бијат. На Велики петок се пости, се јаде само леб и вода, а се бојадисуваат јајца, најчесто црвени, што ја означува крвта на Исус.
Верниците по Јулијански календар во 2023 година Велигден ќе слават на 16 април 2023 година.
Можеби ќе ве интересира: